Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Конкурс: Grenzgänger-стипендии

270 lcb boschФондацијата Роберт Бош во соработка со Литературниот колоквиум Берлин поддржува автори при истражувањето за германско-јазични изданија, кои се конфронтираат и длабоко навлегуваат во теми од Средна, Источна и Југоисточна Европа и Северна Африка и ги обработуваат за поширока публика. Публикациите треба да стимулираат диксусии, да го поддржат дијалогот и меѓусебното разбирање и може да опфаќаат различни тематски блокови, земји и историски епохи. Добредојдени се книжевна и есеистичка проза, книги со текстови и фотографии, книги за деца и младинци, но и други форми како сценарија и радио-прилози.

Рокот за пријавување: секоја година на 30. април и на 31. октомври.

Понатамошни информации