Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Дантиш, Габриела

dantis gabrielaГабриела Дантиш, родена 1947 год. во Букурешт, студирала романски јазик и книжевност на универзитетот во Букурешт (1965-1970), каде што во 1999 год. се стекнува со докторска титула со дисертацијата за романската буколска поезија.  Од 1970 до 2005 год. била уредничка во издавачките куќи  Универс и Полиром. Од  2005 год. работи на „Г. Чалинешку” - Институт за историја на книжевноста и книжевна критика на Академијата на Романија и учествува на проекти како Општ лексикон на романската книжевност (Том I-VII, 2004-2009, Награда на Академијата на Романија) и на Лексикон на романската книжевност (I-II, 2012). Таа е издавачка на еден лексикон на странски писатели и има објавено и голем број научни трудови. Од германски јазик има преведено романи од Теодор Фонтане, Криста Волф (Medea), Томас Бернхард (Alte Meister, Auslöschung), стручни книги и есеи (меѓу другото К.Г.Јунг: Über das Phänomen des Geistes in Kunst und Wissenschaft и Јоахим Келер: Friedrich Nietzsche & Cosima Wagner). Таа е член на Здружението на писателите на Романија и носител на орденот за „Културни заслуги“ на Романија (2009).