Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Возганиан, Варујан

vosganian varujanВарујан Возганиан, роден 1958 год. во Крајова (Романија), детството и младоста ги минал во Фокшани. Работи како научник по економија, политичар и писател и е претседател на Здружението на Ерменците во Романија. Од 2006 до 2008 год. беше министер за финансии и економија на Романија, а во 2013 год. повторно ја извршува функцијата министер за економија. Освен книги на економски и политички теми Варујан Возганиан објавува и романи и поезија.

http://vosganian.ro