Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Нестлингер, Кристине

noestlinger_christine
© Alexa Gelberg
Кристиние Нестлингер, родена 1936 год. во Виена, најпрвин студира графика, пред целосно да се посвети на пишувањето. Во 1970 год. ја објавува својата прва книга за деца, којашто веднаш доживува успех. Оттогаш се објавени повеќе од сто книги за деца и млади и сликовници, од кои многу се преведени на други јазици и се закитени со значајни признанија. За нејзиното целокупно творештво Кристине Нестлингер ја доби наградата „Ханс Христијан Андерсен“ . Исто така за нејзиното целокупно творештво во 2003 год. беше овенчана и со наградата „Астрид-Линдгрен“, која таа години беше доделена за прв пат. Кристине Нестлингер живее најизменично во Виена и на една фарма во Долна Австрија.