Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Кристиќ, Ален

kristic alenAлен Кристиќ, роден 1977 год. во Сараево, магистер по теологија и коосновач на меѓународното теолошко списание Concilium за Хрватска и Босна и Херцеговина. Работи како уредник на ова списание, за магазинот за култура и општествени прашања Статус од Мостар и за списанието Бобовац од Вареш. Во фокусот на неговата книжевна работа се вбројуваат мировниот потенцијал на религиите, светскиот етос, дијалогот меѓу христијанството и исламот, политичката теологија, градење на религиозното врз остатоците од социјализмот, улогата на жената во свферата на религиозното и теологија на ослободувањето. Ален Кристиќ има преведено повеќе научни книги и преведува од германски и англиски јазик. Кон неговите преводи се вбројуваат Ethik од Дитрих Бонхефер и Gnosis und Christentum од Кристоф Маркшис.