Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Жариќ, Марко

zaric markoМарко Жариќ, роден 1946 год., завршил германистика и романистика во Загреб и Минстер, освен тоа студирал на Факултетот за применета теологија во Загреб, како и на Факултетот за применета социјална работа и социјална педагогија во Оснабрик-Вехта. Од 1975 год. е судски толкувач и преведувач во Германија. Марко Жариќ работи како преведувач, автор и фотограф. Од 1973 до 2011 год. живее во Германија. Неговите стручни дела, есеи, критики, полемики, репортажи, песни, предговори и поговори, како и рецензии се објавени во 14 книги, списанија и весници, а неговите фотографии во шест списанија и весници. Неговата преведувачка дејност опфаќа 17 наслови објавени во Германија и во Хратска: политички книги, романи и стручна литература од областа на воспитувањето и педагогијата.