Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Verdammt starke Liebe – eine wahre Geschichte

Ван Дијк, Лутц.

283 van dijk verdammt starke liebeШтефан има четиринаесет години, кога со нападот на Германија врз Полска летото 1939 год. преку ноќ му се менува животот тој, кој секогаш бил добар ученик, сега повеќе не смее да го посетува училиштето, татко му го депортираат како принуден работник во Германија. Две и пол години подоцна за него и неговото семејство се работи само за преживување. Тогаш го запознава Вили, еден млад германски војник, едвај постар отколку и самиот тој. За обајцата тоа е љубов на прв поглед – меѓутоа според националсоцијалистичката идеологија не смее да постои љубов меѓу двајца мажи. И покрај огромната опасност, што ја претставува една врска за обајцата, се впуштат во неа.

Verdammt starke Liebe – eine wahre Geschichte [Проклето силна љубов – вистинска приказна] од Лутц ван Дајк излезе на бугарски јазик (извадок) во превод на Владко Мурдаров под наслов Прокълната любов во издание на Black Flamingo Publishing, Софија.