Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Чапатања, Оана-Нора

capatana oana-noraОана-Нора Чапатања е родена 1968 год. во Крајова (Романија). Студирала германистика и англистика на букурешткиот Факултет за странски јазици и книжевности и најпрвин работи како професор по германски и англиски јазик во родниот град. Во 1992 год. се преселува во Сибиу, каде што од 1994 год. предава на Факултетот за филологија и книжевни уметности на универзитетот „Лучијан Блага“. Во 2005 год. докторира со дисертација за аспектите на преведувањето во книжевната комика од германски на романски јазик. Освен јазично-научни и преведувачко-критични прилози  Оана-Нора Чапатања објавува преводи од германски и англиски јазик. Од Германски на романскки јазик досега, меѓу другото, има преведено дела од: Ерих Марија Ремарк и Карин Михаелис, како и од романско-германски автори како Валтер Готфрид Зајдер и Јоахим Витсток. Нејзиниот последен преведувачки проект во 2013 год. беше романот од Еуген  Руге In Zeiten des abnehmenden Lichts.