Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Der alte König in seinem Exil

Гајгер, Арно.

268 geigerАрно Гајгер напиша длабоко трогателна книга за татка си, кој и покрај неговата болест од Алцхајмер импресионира со виталност, духовитост и умност. Болеста полека му го одзема сеќавањето и ориентацијата во сегашноста, дозволува да ја изгуби контролата врз својот живот. Арно Гајгер раскажува како уште еднаш склучува пријателство со татка си и со години го придружува.

Der alte König in seinem Exil [Стариот крал во изгнанство] од Aрно Гајгер излезе на бугарски јазик (извадок) во превод на Јанина Драгостинова под наслов Старият крал и неговото изгнание во издание на Колибри, Софија.