Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Гстрајн, Норберт

gstrein_norbertНорберт Гстрајн, роден 1961 година во тиролшкиот Милс, студирал математика и филозофија на јазик во Инсбрук, Стенфорд и Ерланген. Во 1988 година го објавува својот прв расказ под наслов Einer. Следуваат бројни понатамошни дела, за кои е повеќекратно наградуван. Меѓу останатото, Норберт Гстрајн ја има добиено берлинската книжевна награда, наградата Алфред Деблин, книжевната награда на фондацијата Конрад Аденауер и награда Уве Јонсон. Како последни беа објавени романите Eine Ahnung vom Anfang (2013), In der freien Welt (2016) и Die kommenden Jahre (2018).