Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Перовиќ, Жељко

perovic zeljkoЖељко Перовиќ, роден 1961 год. во Високо (Босна и Херцеговина), од 1977 год. живее во Словенија. Пишува песни и работи како книжевен преведувач. Во Словенија беа објавени неговите збирки поезија Podarjeni glasovi, Kapljevina, Sinapse, а во Хрватска Utiha и Golim sinapsama. Жељко Перовиќ преведува од словенечки на босански, хрватски и српски јазик и обратно. Кон неговите преводи меѓу другото се вбројуваат и дела од Роберт Млинарец, Маја Езгета, Андрија Радуловиќ и Фери Лаиншчек. По професија тој е сообраќаен работник во железница.