Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Лангер, Бенјамин

langer benjaminБенјамин Лангер, роден 1976 год. во Ерланген, студирал германистика и историја на уметност во Бамберг и Будимпешта. Од 2005 до 2006 год. е лектор на фондацијата „Роберт Бош“, а од 2006 до 2009 год. ДААД (Германска академска служба за размена) на универзитетот „Свети Кирил и Метдодиј“ во Скопје, Македонија. Оттогаш Бенјамин Лангер со семејството живее во Берлин. Меѓу другото е предавач на Институтот за Германска и холандска филологија на Слободниот Универзитет Берлин, предава германски како странски јазик и преведува македонска книжевост на германски јазик (досега меѓу другите Гоце Смилевски, Влада Урошевиќ, Венко Андоновски, Владимир Мартиновски, Роберт Алаѓозовски и Игор Исаковски).