Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Ацевска, Весна

acevska vesnaВесна Ацевска е родена 1952 год. во Скопје, Македонија. Во 2009 год. беше добитник на најпрестижната македонска награда за поезија „Браќа Миладиновци“, е многу ценета од домашната книжевна критика. Па така Катица Ќулавкова, и самата поетеса, книжевен теоретичар и член на Македонската Академија на науките и уметностите, нејзината лирика ја смета за „парадигматски пример за најдоброто во македонската поезија“. Весна Ацевска освен како поетеса и авторка на книги за деца работи и како преведувачка. За нејзиниот препев на финскиот еп Калевала ја доби македонската награда „Гриогор Прличев“ и признание на финската Калевала-Сеура. Нејзината поезија е препеана на повеќе јазици, пред сѐ од Балканот.