Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Totem und Tabu

Фројд, Зигмунд.

260 freudПрвото големо културно-теоретско дело на Фројд, во кое прави аналогија на психопатолошките и етнолошките категории и разработува „некои совпаѓања во душевниот живот на дивјаците и невротичарите“. Целиот живот книгата му беше еден од неговите најомилените текстови, а Томас Ман ја означи како „ мајсторско дело кое припаѓа на сите најголеми примери на германската есеистика“. Во четвртиот есеј Фројд развива една смела спекулативна теорија за почетоците на културата, со тоа што настанувањето на чувствата на вина и табуто за инцест го објаснува со трауматските процеси во предисториското семејство: со убиството врз прататкото од страна на ордата браќа.  

Totem und Tabu. Einige Übereinstimmungen im Seelenleben der Wilden und der Neurotiker [Тотем и табу. Некои совпаѓања на дивјаците и невротичарите] од Зигмунд Фројд излезе на бугарски јазик (извадок) во превод на Светла Маринова под наслов Тотем и табу. Някои сходства в психичния живот на диваците и невротиците [1912-1913] во издание на Critique & Humanism – KX, Софија.