Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Маринова, Светла

marinova svetlaСветла Маринова, родена 1964 год. студирала филозофија на универзитетот „Свети Климент Охридски“ во Софија, во Берлин започнува докторски студии, каде што и докторира во 1997 год. Од 1999 год. предава на родниот универзитет во Софија и учествува во најразлични истражувачки проекти. Многу пати има патувано на истражувачки престои во Берлин и други градови во Германија. Светла Маринова објавува монографии, студии и статии и преведува стручна литература од германски на бугарски јазик. Кон нејзините преводи се вбројуваат дела од Зигмунд Фројд, Улрих Бек, Валтер Бенјамин, Норберт Елијас и Елизабет Штрекер.