Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Бајер, Марсел

beyer_marcel
© juergen-bauer.com
Марсел Бојер, роден 1965 год. во Таилфинген, завршил германистика, англистика и студии по книжевност во Зиген. Со трудот за Фредерике Мајрекер во 1992 год. се здобива со магистерска титула.  Од 1989 год. на универзитетот Зиген заедно со Карл Риха ја издава едицијата „Заборавени автори на модерната“. Од 1990 до 1993 год. соработува како лектор на книжевното списание  „Концепти“. Од 1992 до 1998 год. објавува во музичкото списание „Спекс“. Од 1996 до 1998 год. е Writer in Residence на „Јуниверзити Колеџ“ Лондон и на Универзитетот „Варвик“ во Ковентри. Марсел Бајер, меѓу другото, има објавено и една едиција збирки поезија и романи и добитник е на бројни книжевни признанија.