Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Боричи, Елда

borici eldaЕлда Боричи е родена 1978 год. во Тирана, Албанија. Таму студирала германистика. Во 2009 год. ги завршува студиите со магистерска работа; од 2010 год. работи на нејзината дисертација. Уште од 2000 год. работи во Одделот за албанологија и балканологија на Националната библиотека во Тирана. Освен научни прилози објавува и преводи на книжевни и историски текстови од германски на албански јазик. Кон нејзините преводи се вбројуваат дела од Катарина Хакер, Фридрих Шилер, Михаел Валнер, Константин Јиречек, Јошка Фишер, Герд Ланггут, Хартмут Милер и др.