Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Авдиќ, Селведин

avdic selvedinСелведин Авдиќ е роден 1969 год. во Зеница, Босна и Херцеговина. Таму живее и работи и денес како писател и новинар: Адиќ е уредник на онлајн-магазинот Zurnal.info и работи за босанско-херцеговачкото радио. Неговата прва книга, збирка куси раскази, објавена 2004 год., е Podstanari i drugi fantomi. Освен тоа, меѓу другото има објавено и еден патнички водич за неговиот роден град Зеница и една збирка репортажи за тамошниот женски затвор. Неговиот прв роман Sedam strahova излезе 2010 год. и во меѓувреме е преведен на бројни јазици.