Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Бенјамин, Валтер

benjamin_walterВалтер Бенјамин, роден 1892 год. во Берлин, е значаен филозоф, книжевен критичар и преведувач. Студира филозофија во Фрајбург, Минхен и Берлин како и германска книжевност и психологија, а во 1919 год. докторира на тема „Поимот на уметничката критика во германскиот романтизам“. Од 1920 до 1933 год. живее како слободен писател во  Берлин. Во ова време ги објавува есејот „Goethes Wahlverwandtschaften“(1924) и книгите: „Einbahnstraße“ и „Ursprung des deutschen Trauerspiels“ (1928). Во 1933 год. eмигрира во Париз и ја продолжува писателската дејност во егзил. Во 1940 год. се обидува да пребега во САД, а кога во шпанското Портбо му се заканува предавањето на Германците, си го одзема животот.