Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Јонсон, Уве

johnson uwe by bundesarchiv© BundesarchivУве Јонсон е роден 1934 год. во Каин (Померанија), денешен Камиен Поморски, а почина 1984 год., во Шернес на море. Во 1945 год. пребегува со мајка си и сестра си најпрвин за Рекниц, па за Гистро во Мекленбург. Во 1953 год. се запишува на универзитето во Лајпциг како студент по германистика. Уште за време на студиите почнува да го пишува романот Ingrid Babendererde. Reifeprüfung 1953. Во 1956 год. го нуди на различни издавачки куќи во ГДР, кои одбиваат да го објават. Во 1957 год. и „Зуркамп“ одбива да го објави. Романот излегува по смртта на Уве Јонсон. Првиот објавен роман од Уве Јонсон е Mutmaßungen über Jakob. Од 1966-1968 год. Уве Јонсон живее во Њу Јорк. Таму го пишува романот Jahrestage. Aus dem Leben von Gesine Cresspahl, чија прва „испорака“ излезе во 1970 год. вториот и третиот дел се надоврзуваат 1971 и 1973 год. Во 1974 год. Уве Јонсон се сели на Шернес на море во англиската грофовија Кент. Таму почнува да страда од писателска блокада, поради што последниот дел од  Jahrestage можеше да излезе дури во 1983 год. Во 1979 год. Уве Јонсон беше визитинг предавач за поетика на универзитетот „Јохан Волфганг Гете“ во Франкфурт. Неколку години подоцна излегоа неговите предавања под насов Begleitumstände. Неговата оставштина се наоѓа во архивот „Уве Јонсон“ на универзитетот во Франкфурт.