Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Раму, Шарл Фердинанд

ramuz charles-ferdinandШарл Фердинанд Раму  (1878-1947) швајцарски писател, поет и есеист и важи за најзначајниот претставник на швајцарската книжевност на француски јазик. Ш.Ф. Раму е роден на 24. септември 1878 год. во Кули- Сур-Лозана. По завршувањето на класичниот колеџ Раму посетува гимназија, а во 1896 год. се запишува на Филозофскиот факултет на универзитетот во Лозана. Околу 1900 год. за прв пат престојува во Париз за да ги продолжи студиите. Во 1904 год. целосно се преселува во Париз за да работи на трудот за поетот Морис де Гуеран. Сепак се откажува од оваа намера и оттогаш па натаму работи како поет. Во Париз ја запознава и својата подоцнежна жена Сесил Целие. Од бракот произлегува една ќерка. Во 1914 год. Раму го напушта Париз и со семејството се враќа во швајцарската Лозана. Има објавено бројни дела, кои се повеќекратно наградени, а меѓу другото во 1936 год. ја добива „Големата награда“ на швајцарската фондација „Шилер“. Почина 1974 год. во Пули (кантон Ват).