Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Омари, Доника

omari donikaДоника Онари е родена 1936 год. во Тирана, каде што живее до ден денес. Студира албански јазик и книжевност и работи како публицистка и преведувачка од италијански и француски јазик и на албански јазик ги има преведено Ги де Мопасан, М. Пањол,  Ф. Муриак, Г. Де Нервал, Н. Сарот, А. Малуф, У. Еко, В. Бранкати итн. За нејзиниот превод на романот  Името на розата од Умберто Еко беше одликувана со меѓународната награда за превод на Министерството за надворешни работи на Италија.

Освен тоа покрај книгата Interrupted culture (Тирана 2010) има објавено и бројни есеи и статии во однос на прашања од книжевноста и културата, како и издадено антологии на албански сказни и италијанска поезија на ХХ век.  

Доника Омари ја води издавачката куќа „Елена Ѓика“ основана во 1992 год., која во 2008 год. беше одликувана со наградата „Fraternità – Città de Benevento“ во Италија.