Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Ткалец, Даниела

tkalec danielaДаниела Ткалец е родена 1963 год. во Загреб. Училиште завршила во Германија, потоа се враќа назад во Хрватска и во својот роден град студира германски јазик и книжевност, како и француски јазик и книжевност. По дипломирањето најпрвин работи како професор по германски јазик за потоа да се посвети на преведувањето. Меѓу другото ги има преведено: Франц Верфел, Новалис, Јохан Волфганг Гете, Густав Мајеринк и Хилдегард фон Бинген од германски на хрватски јазик. Најпосле Даниела Ткалец работи и како издавач: ја основа својата  издавачка куќа „Скарабеус“ и издава филозфски, антрополошки и религиозно-историски дела, како и сказни и фантастична книжевност.

На 18. февруари 2013 год. Даниела Ткалец почина сосем неочекувано во нејзиниот роден град Загреб.