Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Маглајац, Мирасад

maglajac mirsad© Martin MaiMирасад Маглајац (род. 1969 год.) го мина детството и училишното доба во северно-босанскиот град Модрича. Најпрвин студира јужнословенски јазици и книжевности на универзитетот во Сараево и 1993 год. како воен бегалец доаѓа во Берлин. Благодарение на поддршката од фондацијата „Георг Сорос“ студира социологија,  политички науки, како и србистика/кроатистика на Универзитетот „Хумболт“ во Берлин. По завршувањето на магистерските студии во 1998 год. се враќа како проект-координатор на еден германски проект за развој во Сараево. Неговиот ангажман во областа на соработката за развој на продолжува 2002 год. како сорабтник во Германската амбасада во Белград. Од  2006 од. повторно живее во Берлин, каде што работи за Германското друштво за соработка ДОО (GIZ). Заедно со Синке Тос го преведе романот Das Buch Adem Kahrimans geschrieben von Nedžad Ibrišimović, dem Bosnier  на босанскиот автор Неџад Ибришимовиќ, како и повеќе книжевни и новинарски прилози во германски списанија. Мирсад Маглајац  доби работна стипендија од фондацијата „Роберт Бош“ во Европскиот Колегум на преведувачи во Штрален за превод на романот Meeresstille од Никол Љубиќ. Неговиот превод на босански јазик на оваа книга под наслов Bonaca je tuga излезе во мај 2012 год. во издание на сараевската издавачка куќа „Конектум“.