Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Гашиќ, Нада

gasic nada by ognjen alujevic© Ognjen AlujevićНада Гашиќ е родена 1950 год. во Марибор (Словенија). Од 1952 год. живее како авторка во Загреб (Хрватска). Студирала социологија и кроатистика на универзитетот во Загреб и докторирала со еден труд за хрватско-чешките културни односи на универзитетот во Прага. По тоа била лектор за хрватски јазик и книжевност на универзитетот во Прага, Брно и Ленинград и работела како соработничка на различни речници и енциклопедии и како лекторка во издавачка куќа. Гашиќ, меѓу другото го има преведено романот Der brave Soldat Schwejk [Храбриот војник Свејк] од Јарослав Храшек од чешки јазик. Со Mirna ulica, drvored [Мирна улица, дрворед], нејзиниот прв криминалистички роман, којшто истовремено претставува извонредна социолошка и психолошка студија за денешен Загреб, преку ноќ стана позната во Хрватска. И нејзиниот втор роман  Voda, paučina [Вода, пајажина] беше исто толку добро прифатен од критичарите и читателите.