Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Али, Гетц

goetz aly by katja lenz ddp images dapd© ddp images/dapd/Katja LenzГетц Али, роден 1947 год. во Хајделберг, го посетувал германското училиште за новинари во Минхен и студирал историја и  политички науки во Берлин. Докторирал и хабилитирал на Институтот „Ото Зур“ во Берлин. Али има приложи важни публикации кон социјална политика и историјата на националсоцијализмот. Тој беше уредник во „Тац“ и „Берлинер Цајтунг“ и денес работи како слободен автор. Од 2004 до 2006 год. Али беше визитинг-професор за интердисциплинарно истражување на холокаустот на Инстиутот „Фриц Бауер“ во Франкфурт на Мајна за потоа пет години да биде во Советот на Музејот на Евреите во Берлин. Во зимскиот семестар 2012/13 предаваше во рамките на гостинската професура „Сер Петар Устинов“ на универзитетот во Виена. Во 2002 год. Али беше овенчан со наградата „Хајнрих Ман“, во 2003 до наградата „Марион Замуел“, во 2007 год. со Сојузниот крст на заслуги, а во 2012 год. наградата „Лудвиг Берне“.