Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Зашев, Димитар

zashev dimitarДимитар Зашев работи како научник и преведувач во Софија. Од  1967 до 1980 год. студирал во Софија и Лајпциг филозофија, историја и социологија. Денес предава на повеќе високи школи во Софија, филозофија, културни науки и естетика. Тој е член на друштвата на Хегел, Зимел и Шелинг, на Друштвото за анализа на битието во Виена и на повеќе бугарски филозофски друштва и има објавено повеќе научни расправи пред сѐ од областа на историјата на филозофијата. Димитар Зашев ги има преведено Хајдегер, Лукач и Јасперс на бугарски јазик.