Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Јасперс, Карл

jaspers karlKaрл Јасперс, роден 1883 год. во Олденбург, најпрвин студирал право, а потоа медицина. Во 1909 год. докторира во Хајделберг. За време на неговото асистирање во Клиниката за психијатрија хабилитира во областа на психологијата. Од 1916 год. бил професор по психологија, од 1921 год. по филозофија на универзитетот во Хајделберг. Во 1937 год. – се до повторното вработување во 1945 год. – е лишен од служба. Од 1948 до 1961 год. бил професор по филозофија во Базел, каде што починал 1969 год. Јасперс се смета за еден од главните претставници на егзистенцијалистичката филозофија. Неговите списи – преку 30 тома – се наоѓаат во повеќе од 600 преводи.