Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Миндова, Људмила

mindova liudmilaЉудмила Миндова е родена 1974 год. во Русе (Бугарија). Студирала славистичка филологија во Софија, во 2006 год. се стекнува со докторска титула. Денес работи како научен соработник на „Institute for Balkan Studies & Centre of Tracology“ во Академијата на науките на Бугарија. Људмила Миндова објави една збирка поезија (Blus po nikoe vreme, „Сиела, Софија 2010) и една монографија за хрватскиот барокен поет Иван Гундулиќ. Освен тоа има преведено бројни книги од српски, хрватски и словенечки јазик, меѓу кои и Данило Киш, Дубравка Угрешиќ, Јосип Ости и др.