Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Аешт, Георг

aescht georgГеорг Аешт, роден 1953 год. во Кодља, Трансилванија, Романија, а по студиите по германистика и англистика на универзитетот во Кљуј бил професор во германската гимназија во овој град. Освен книжевно-критичките прилози во германско-јазични публикации има преведено и романски автори, и работел на гимназиски учебници за германска книжевност. Во 1984 год. со жена си и ќерката се сели во Сојузна Република Германија. По седумгодишната работа во една печатница како коректор почнува да работи како уредник во бонската фондација Источно германски културен совет, кој во тоа време ги уредува текстовите за „културнополитичката коресподенција“. Освен неговата фељтонистичко-публицистичка дејност тој има преведено книги од Јон Арбичеану, Кармен Франческа Банчиу, Филип Флоријан, Норман Манеа, Гелу Наум, Александру Папилин, Андреј Плесу, Михаил Себастијан и Александру Вона од романски, т.е. француски и работел како издавач.