Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Петрак, Никица

petrak_nikica
Никица Петрак, роден 1939 год. во Дуга Рес (Хрватска), студирал англиски јазик и книжевност и историја на уметност на Филозофскиот факултет во Загреб. Во почетокот на 60-тите ја води редакцијата за култура на списанието „Студентски лист“. Од 1967 до 1977 год. работи во ТВ Загреб, од 1978 до 1989 год., во универзитетската издавачка куќа „Либер“, а во 1991/1992 год. како советничка во Одделот за меѓународни односи  во Министерството за образование и култура на Хрватска. Од 1992 год. е лексикограф во Институтот за лексикографија „Мирослав Крлежа“. Никица Петрак, поет, есеит и преведувач, е член на Академијата на науките и уметностите на Хрватска. Има објавено бројни преводи од германски и англиски јазик, меѓу кои дела од Хана Арент, Петар Блејк, Жорџ Табори, Херман Брох, Дилан Томас, Едгар Алан По, Петар Хандке, Петер Турини, Харолд Пинтер, Њ.Б. Јејтс и Аугуст Стриндберг. За својата работа е повеќекратно наградуван.