Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Бремер Алида

bremer_alida

Aлида Бремер, родена 1959 год. во Сплит, завршила компаративна книжевност, романистика, славистика и германистика во Белград, Рим, Зарбрикен и Минстер. По докторирањето долги години работела како стручен соработник на универзитетите во Минстер и Гисен. Го водела проектот „Хрватска земја-фокус на Саемот за книга во Лајпциг 2008“, како и фокусот Југоисточна Европа, организирано од 2009 до 2011 год. од фондацијата „Роберт Бош“, ТРАДУКИ и Саемот на книгата Лајпциг.Во рамките на ТРАДУКИ долги години работеше како слободна соработничка во фондацијата С. Фишер. Од 2008 до 2009 год. ја добива стипендијата „Grenzgänger“ на фондацијата „Роберт Бош“. Алида Бремер е издавачка на повеќе антологии на хрватска книжевност и преведувачка на бројни дела од хрватски, српски и босански, меѓу другите од Ивана Саљко, Едо Поповиќ, Делимир Решицки, Марко Погачар, Звонко Марковиќ, Роман Симиќ, Предраг Матвејевиќ, Вељко Барбиери.