Печати

Дрндиќ, Даша

drndic dasaДаша Дрндиќ е роден 1946 год. во Загреб. Студирала во Белград, Илиноис и Охајо. Од 1972 до 1992 год. работела како уредничка на радиодрами во Радио Белград, во 1992 год. Даша Дрндиќ се сели во хрватската Ријека. Во 1993 год. една година работи за организацијата за помош за бегалци на Обединетите Нации (УНХЦР), пред во 1995 год. да замине во егзил во Канада со дванаесетгодишната ќерка. Од 1995 до 1997 год. предава на универзитетот во Торонто и го пишува романот  Sterben in Toronto.Даша Дрндиќ докторира со една студија за Лилијан Хелман и денес е доцентка по англистика во Ријека. Има преведено бројни значајни автори од англиски и пишува есеи, романи и книжевни критики. Нејзиниот роман  Sonnenschein (Фрактура, Загреб 2007) беше награден со книжевните награди „Фран Галовиќ“ и „Киклпоп“ за роман на годината.