Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Дрндиќ, Даша

drndic dasaДаша Дрндиќ (1946-2018) е родена во Загреб, од 1953 година живееше во Белград, каде што судираше англиски јазик и книжевност. Со помош на Фулбрајтовата стипендија студираше на униерзитетот во Јужен Илиноис, а потоа и на универзитетот Кејс Вестерн Ризрв во Охајо. Во Белград работеше како уредник во издавачка куќа, доцент по англиски јазик и уредник на радио-драма. Во 1992 година се пресели во хрватската Риека, од каде што во 1995 година со ќерката емигрира за Канада и до 1997 година предаваше на универзитетот во Торонто. По враќањето предаваше како доцент по англиски јазик на универзитетот во Риека, на кој се стекна и со докторска титула.  Даша Дрндиќ пишуваше романи, есеи, радио-драми и книжевни критики и преведе бројни познати автори од англиски јазик. Последни излегоа нејзиниот повеќекратно наградуван роман Sonnenschein (2007) како и романите April u Berlinu (2009), Belladonna (2012) и EEG (2016).