Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Лужина, Јелена

luzina jelenaЈелена Лужина е родена 1950 год. во Дубровник. Таа е научник по театрологија и редовен професор на Факултетот за драмски уметности во Скопје, каде што го основа Институтот за драмска уметност и изведува бројни национални, регионални и меѓународни научни проекти. Од пред четириесет години објавува на хрватски и македонски јазик драмско научни, книжевно- теоретски и есеистички текстови. Јелена Лужина освен во нејзината дејност како издавачка на речници, антологии и монографии, има објавено шеснаесет самостојни книги и преведува од повеќе јазици. Таа е член на Здружението на писателите на Македонија, на П.Е.Н. Центарот на Македонија и на Здружението на писателите на Хрватска.