Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Келзен, Ханс

kelsen hans© Paul BishopХанс Келзен, роден 1881 год. во Прага и пораснал во Виена, се смета за еден од најзначајните научници по право на XX век. Завршил правни и политички науки на универзитетот во Виена, каде што од1919-1930 год. работел како професор. Потоа предавал во Келн, од 1933-1940 год. во Женева, како и од 1936-1938 год. во Прага. За време на неговата професура во Виена работел и како уставен судија. Од 1945 до 1952 год. беше професор во Беркли, Калифорнија, каде што и почина во 1973 год. Ханс Келзен се занимаваше со разни области на правните науки, особено со теорија на правото, социологија, политички науки и државно право.