Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Мартин, Матеј

matei martinМатеј Мартин, роден 1978 год. во Букурешт, студирал политички науки (француски оддел) на универзитетот во Букурешт. Тој е уредник во неделниот магазин „Диле вече“ и на нивните книжевни прилози. Освен тоа води една секојдневна емисија за култура на Радио Романија Културал. Како култрен посредник еднаш месечно организира една кулинарска-книжевна средба во книжарницата „Бастилија“. Од германски јазик ги има преведено Böse Schafe (од Катја Милер), Beziehungswaise (од Михаел Бирбаек) и бројни есеи и статии од печатот. Освен тоа од француски јазик ја има преведено Fascisme et communisme, писмена коресподенција помеѓу историчарот Франсоа Фуре и Ернст Нолте.