Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Прељевиќ, Вахидин

preljevic vahidinВахидин Прељевиќ, роден 1975 год. во Брчко (Босна и Херцеговина), студирал од 1995 до 1996 год. германистика, науки за медиумите и италијанистика во Хале, а од 1996 до 1999 год. германистика на Филозофскиот факултет во Сараево. По завршувањето на студиите започнал таму да работи како научен асистент за германско-јазична книжевност. Следуваат научни престои во Виена и Манхајм, како и последипломски студии по општа книжевност и германистика. Во 2008 год. се стекнува со докторска титула во областа на книжевноста. Од 2009 год. го води Одделот за германистика на Филозофскиот факултет во Сараево.  Покрај неговата научна дејност Вахидин Прељевиќ работи  и како есеист и преведувач. Има преведено бројни научни статии и книжевни текстови, меѓу кои и романот Turlupin од Лео Перутц.