Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Ѓорѓевиќ, Мира

djordjevic_mira

Д-р Мира Ѓорѓевиќ, родена 1939 год. во Загреб, завршила германистика и англистика во Сараево. По последипломските студии во Белград и студиските престои во Берлин и Фрајбург докторирала на универзитетот во Загреб. Од 1963 до 1974 год. работи како научен асистент по книжевност на универзитетот во Сараево како научен асистент по германска книжевност. Од 1974 год. предава таму како доцент, а од 1978 год. и како професор. Од 1993 до 1998 год. била стипендистка и соработничка на Германскиот книжевен архив Марбах. По враќањето во Сараево повторно ја обновува Катедрата за германистика и ја продолжува својата предавачка дејност до 2006 год. Оттогаш интензивно се посветува на преведување белетристика. Освен поранешните преводи на дела од Валтер Бенјамин и Ернст Тугендхат, во 2014 година излезе и нејзиниот превод на In Zeiten des abnehmenden Lichts од Еуген Руге и Alhambra од Кирстен Боје, а во 2015 година и нејзиниот превод на романот Tauben fliegen auf од Мелинда Наџ Абоњи. Мира Ѓорѓевиќ има објавено две научни книги, бројни есеи и расправи, а од 2010 година е член на П.Е.Н. – Центарот на Босна и Херцеговина. Во 2004 година беше одликувана со Почесниот крст на Австрија за наука и уметност I. класа.