Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Хадерлап, Маја

haderlap maja by dontworry© dontworryMaja Хадерлап е родена 1961 год. во Бад Ајзенкапел и живее во Клагенфурт. Има завршено драмски уметности и германска филологија на универзитетот во Виена и била асистент по драматургија и продукција во Трст и Љубљана. Од 1989 до 1992 год. била издавачка на корушкото словенечко списание за книжевност „Младје“ од 1989 год. држи предавња на  универзитетот „Алпен-Адрија“ во Клагенфурт; од 1992 до 2007 год. била шеф драматург во градскиот театар во Клагенфурт. Маја Хадерлап пишува поезија, проза и есеи и преведува од словенечки на германски јазик. Нејзиното дело е повеќекратно наградувано, меѓу другото во 2011 год. со реномираната награда „Ингеборг Бахман“.