Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Шилок, Лорета

schillock loretaЛорета Шилок е родена 1974 год. во Берат, Албанија. По студите на англистика во Чикаго работи како професорка. Од 2011 год. живее во близина на Штутгарт и се занимава со книжевни преводи. Меѓу другото има препеано едно дело од Хајнрих Хајне на албански јазик. Во август 2012 год. во едицијата „Танхојзер“ зилезе изборот поезија Ein Buch Ein Meer на албанскиот писател Аријан Лека, во која еден дел од песните таа го препеа на германски јазик. Во рамките на проектот „Книжевноста во Флукс“ на европската мрежа на книжевните центри ХАЛМА исто така преведе еден текст од Лека. Нејзини преводи беа објавени и во европскиот весник за култура „Летре Интернационал“. Како прв роман го преведе романот  Onufri од Ксавијар Леши на германски. Во моментов студира германистика и лингвистика во Штутгарт.