Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Арапи, Линдита

arapi linditaЛиндита Арапи е родена 1972 год. во Лушња во Средна Албанија. Докторираната научничка за култура е писателка и припаѓа на кругот на таканаречената албанска книжевна авангарда, која се образува во деведесеттите години на минатиот век. Има објавено повеќе збирки поезија; Am Meer, nachts (2007), нејзината прва збирка поезија на германски јазик е првата збирка поезија на една албанска поетеса на германски јазик воопшто. Нејзиниот прв роман Vajzat me çelës në qafë излезе пролетта 2010 год.

За своето дело е добитник на национални и меѓународни признанија.

Покрај нејзината писателска дејност Линдита Арапи работи и како слободна радио-уредничка  на Дојче Веле во Бон и како преведувачка. Па така на пример, меѓу другото, има преведено текстови од Гинтер Грас, Јозеф Рот, Јозеф фон Луитполд, Елијас Канети, Марион Пошман, Рон Винклер и Фелицитас Хопе на албански јазик.
Линдита Арапи е мажена, има две ќерки и живее во Бон.