Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Јаоб, Матијас

jacob matthiasМатијас Јакоб е доцент по книжевност, преведувач и новинар. Студирал источна и југоисточна филологија, нова германска книжевност и историја на уметност во Тибинген и Москва, а во 80-тите години имал повеќе студиски престои во Босна и Херцеговина. Од 1999 до 2004 год. бил научен соработник на Катедрата за словенска филологија (книжевна теорија) на универзитетот во Тибинген. Покрај тоа води курсеви по руска книжевност во образвани за возрасни. Денес со сопругата и ќерката живее во Херенберг, помеѓу Штутгарт и Тибинген, а држи и курсеви по книжевност на универзитетот во Тибинген главно во областа на јужнословенските книжевности, пишува рецензии, меѓу другото, за списанието „Бухмаркт“ и преведува белетристички и научни текстови од хрватски, српски и босански, како и од руски јазик. Од 2005 год. Матијас Јакоб за „Библиски патувања/Штуттгарт“ патува во Истра, Далмација, Босна и Херцеговина и Црна Гора како патнички водич за уметнички и културни патувања.