Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Милош, Дамир

milos damirДамир Милош е роден 1954 год. во Опатија, Хрватска, а во Загреб студирал фонетика. Најпрвин работи на поликлиниката СУВАГ, подоцна станува асистент на Катедрата за фонетика на Филозофскиот факултет во Загреб. Денес Дамир Милош живее и работи во Водице како писател и професионален едрач. Освен тоа како слободен соработник го предава предметот филозофија на уметност на Академијата за уметност во Риека. Покрај повеќето романи за возрасни и млади, теоретските и есеистичките трудови, како и драми, автор е и на прирачници за едрење.