Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Ф., Кристиане

christiane fКристиане Ф. е родена 1962 год. како Вера Кристиане Фелшеринов во Хамбург. Во 1968 год. нејзиното семејство се преселува во Берлин. Израснува во една населба со висококатници во квартот Нојколн во тешки социјални услови. Бракот на родителите се растура поради зависноста од алкохол на татко ù, и Кристиане израснува сама со мајка си. Веќе на дванаесетгодишна возраст станува зависник од хероин, а како четиринаесетгодишна оди да се проституира на железничката „Цоо“ за да заработи пари за дрога. Во 1978 год. ја откриваат репортерите од списанието „Штерн“ Кај Херман и Хорст Рик, кои сакаат да направат репортажа за берлинската наркоманска сцена. Со нивна помош настана автобиографското дело „Wir Kinder vom Bahnhof Zoo“, кое потоа во 1981 год. многу успешно го филмува режисерот Ули Едел под наслов „Christiane F. – Wir Kinder vom Bahnhof Zoo“. Откако „Кристиане Ф.“ стана позната, Фелшеринов се обиде да направи музичка кариера и настапуваше по филмови. Својот вистински идентитет го откри дури во 1983.  Од 1987 до 1993 год. Фелшеринов живееше во Грција. Потоа прво се врати во Бранденбург, а подоцна и во Берлин со својот син роден 1996 год., каде што живее и денес. По повеќе медиумски известувања дека повторно станала зависничка, во 2006 год. и беше одземено правото за стрателството над својот син.