Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Буразер, Диана

burazer diana© Jerko GrubišićДиана Буразер е родена 1953 год. во Загреб. Училиште посетувала во Плетерница (Славонија) и Љубушки (Босна и Херцеговина), студирала математика во Загреб, а потоа до избивањето на војната во 1992 год. живеела во босанскиот Мостар. Оттогаш живее и работи во Загреб. Диана Буразер до сега има објавено шест збирки поезија, а нејзините песни се преведени на бројни јазици. Таа е член на Здружението на писателите на Хрватска, во хрватскиот П.Е.Н. Клуб и на Здружението на писателите на Босна и Херцеговина.