Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Херндорф, Волфганг

herrndorf wolfgangВолфганг Херндорф, роден 1965 год. во Хамбург, завршил сликарство и меѓу другото цртал за „Титаник“. Во 2002 год. излезе неговиот роман првенец „In Plüschgewittern“, во 2007 год. збирката раскази „Diesseits des Van-Allen-Gürtels“, а во 2010 год. и романот „Tschick“, кој доживеа изненадувачки успех на годината. Во 2012 год. следуваше романот „Sand“, за кого што ја доби „Лајпцишката книжевна награда“ (2012). Освен тоа Волфганг Херндорф, меѓу другото, е овенчан и со „Германската награда за најдобар расказ“ (2008), наградата „Брентано“  (2011), „Германската награда за литература за деца“ (2011) и со наградата „Ханс Фалада“ (2012).