Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Ende gut

Берг, Зибиле.

berg_endeКога сè добро ќе се заврши – барем толку ветува Берг во својот роман. Радикално дело за веков – едно од оние кои знаат сè за него, за новото нешто: за катастрофите, за теророт со бомби, за исламистичките фундаменталисти, а меѓу нив: секогаш луѓето, мали и големи, сиот оној мизерен куп. А меѓу нив и јунакињата на оваа книга.

Една жена на околу четириесеттина години. - ,,Така се вели денес на забавите, на коишто не те кани никој, дури не ни на стоечките забави или на родендените на културните менаџери, никој не кани маторица" -, всушност, една жена, јунакињата на овој роман, гледа како буквално сè оди во пропаст: Катастрофите од поплавување пред телевизорот и на телевизија, избивањето на некоја нова епидемија, со црвенило на кожата и смрт, губењето на работата, напуштањето некого во некој си западноевропски средно голем град. Човештвото отсекогаш било срање. А сега светот едноставно пропаѓа. Не може да се случи ништо подобро.

Во едно кафуле експлодира бомба, јунакињата во него. Се чисти од рушевините и поаѓа да ја побара среќата или барем некаков живот. Низ пустелијата на германската провинција, преку Вајмар, Берлин и Амстердам, во придружба од својот нем пријател на крајот стасува до Финска, каде не само што наидува на еден изненадувачки пријателски род, туку и наоѓа нешто, кое ќе ѝ овозможи да живее како човек. Мирољубиво и добро.

Ende gut од Зибиле Берг излезе на македонски јазик (извадок) во превод на Ива Фиданчева под наслов Кога сè добро ќе се заврши во издание на Љубовта е петтиот елемент, Скопје.