Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Ловренчиќ, Сања

lovrencic sanjaСања Ловренчиќ, родена 1961 год., е хрватска авторка и преведувачка. Досега има објавено бројни збирки поезија, збирки куси раскази и романи. Позната е и како авторка на книги за деца. За своите дела е повеќекратно наградувана, меѓу другото, во 2001 год. со наградата „Григор Витез“ за најдобра книга за деца „Četiri strašna Fufoždera i jedan mali Fufić“ [„Четири ужасни фуфождерачи и мало фуфче“], во 2007 год. со наградата „Гјалски“ за најдобро прозно дело на годината за романот „U potrazi za Ivanom“ [„Во потрага по Иван“] и во 2007 год. со наградата „Киклоп“ за збирка поезија на годината за книгата „Rijeka sigurno voli poplavu“ [„Реката сигурно сака поплава“]. Сања Ловренчиќ работи и како книжевна преведувачка од англиски, француски и германски јазик, а во 2004 год. беше примена во почесната листа на ИББУ(International Board on Books for Young People).

Вебстраница