Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Драгојевиќ, Сањин

dragojevic sanjinСањин Драгојевиќ е роден 1961 год. во Загреб, завршил филозофија, компаративна книжевност и компјутерски технологии во Загреб. Денес предава на Факултетот за политички науки во Загреб, каде што ги држи предметите „Социологија на масовната комуникација“ и „Социологија на културата“ и е постојан визитинг доцент на постдипломските смерови за културен менаџмент на универзитетите во Кремс и Виена. Драгојевиќ го водеше одделот за билатерална културна соработка помеѓу Министерството за култура на Република Хрватска (1995-1998) и работеше како советник на хрватската жупанија Истра, на „Moving Academy for Performing Arts“ во Амстердам, Холандија и на бројни други институции. Како научник има учествувано и учествува на голем број меѓународни проекти.